Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Соопштение

Препораки на АХВ за намалување на ризикот од појава и ширење на вектор преносливите болести

31.07.2017
Со цел зголемување на мерките за претпазливост и заштита на здравјето на луѓето и на животнитен од појава и ширење на векторпреносливите болести (болести кои се пренесуваат со вектори - инсекти, крлежи, комарци или преку глодараи), Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува да се спроведуваат следните безбедносните мерки кои се од особена важност за намалување на ризикот за можна појава на овие болести

ПРЕПОРАКИ ОД АХВ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ И ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ ОД ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

31.07.2017
Календарски се наоѓаме на почеток на летото, во период во кој се очекува пораст на температурите над 30 степени Целзиусови, што за секое животно претставува исклучително голем стрес кој може да се манифестира со намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст.

СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА ВО УСЛОВИ НА ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

31.07.2017
Труењето со храна е особено честа појава во летните месеци, бидејќи високите температури придонесуваат за полесно и побрзо развивање на микроорганизмите во храната. Од друга страна пак, луѓето во текот на летото повеќе консумираат ладна и сирова храна како што се: сладолед, салати, брза храна (сендвичи) и сл. Затоа, за да се спречи евентуалното труење со храна, Агенцијата за храна и ветеринарство Ве советува за следните едноставни чекори до храна која е безбедна за консумирање и тоа: Правилен избор, набавка

Се испитува здравствената состојба на овците во Симница

27.07.2017
Официјални ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со надлежното ветеринарно друштво и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина вршат контрола на одгледувалиштето за овци во гостиварското село Симница, со цел утврдување на евентуално присуство на заразна болест кај добитокот и евентуалната причина за појава на болест од која две лица починаа, а уште 7 се лекуваат на скопската Клиника за инфективни болести.

Општините да ја почитуваат законската обврска за изградба на прифатилишта за бездомни кучиња

11.07.2017
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов денес оствари работен состанок со Саша Богдановиќ, директор на ЈП ,,Паркинзи,, на Општина Центар, единица на локална самоуправа заинтересирана за изградба на прифатилиште за бездомни кучиња. Од надлежните од Секторот за здравствена заштита и благосостојба на Агенцијата, побарани беа детали за начинот и постапката за одобрување на прифатилиште за бездомни животни.

Неопходна е размена на информации за заштита на здравјето на потрошувачите

11.07.2017

АХВНадградување на постоечките искуства и подобрување на знаењето за комуникацијата со ризик, во услови кога од ден на ден во европски и во светски рамки се заоструваат критериумите за безбеноста на храната се предизвиците со кои се соочува Агенцијата за храна и ветеринарство како институција одговорна за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните.

Инспекциска контрола во Леар по новиот случај на труење со храна

09.07.2017

Инспектори за храна од Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Санитарната инспекција, во текот на вчерашниот ден направија вонредна инспекциска контрола во фабриката Леар во Тетово, каде 23 лица пријавиле лесни симптоми на труење со храна. Направена е контрола во мензата каде се послужувала храна за вработените при што е констатирано дека истата била дистрибуирана, чувана и послужена во услови на соодветен температурен режим, во оригинално пакување, со адекватен рок на употреба.

Белгиската компанија Приморис заинтересирана за проширување на соработката во Република Северна Македонија

06.07.2017
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, одржа работен состанок со претставникот за економија и трговија на Белгиската амбасада и првите луѓе на специјализираната лабораторија за анализи во областа на безбедноста на храната Приморис Белгија. Компанијата го изрази интересот за проширување на нивните активности и во Република Северна Македонија и воспоставување на повисоко ниво на соработка со бизнис операторите од земјава и со Агенцијата за храна и ветеринарство.

АХВ активно вклучена во контролата и на органските производи

03.07.2017
Производителите на органска храна да преземат конкретни чекори за поголема конкурентност, првенствено со вложување во современи технологии, зашто државите во регионот интензивно работат на развојот и се далеку пред нас, е пораката од тркалезната маса „Развојни трендови во земјоделскиот сектор во ЦЕФТА-регионот - Основа за поголема конкурентност на пазарот на ЕУ“, што се одржа денеска во Стопанската комора на Македонија, на која учествуваше и директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Првите луѓе на Ветеринарната комора на РМ остварија работна средба со новиот директор на АХВ Зоран Атанасов

25.06.2017
Делегација на Ветеринарната комора на Репубалика Македонија ,предводена од претседателот на Ветеринарната комора на РМ д-р Томислав Николовски, на 22 јуни 2017 година остварија прва официјална средба со новоназначениот директор на Агенција за храна и ветеринарство д-р Зоран Атанасов.

Нова опрема и возила за осовременување на работењето на инспекторите на АХВ

18.05.2017
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски очекува во наредниот период најмалку двојно да се зголеми ефективноста и ефикасноста во работењето на институцијата.Тоа, како што кажа, го овозможува донацијата од Европската унија во опрема и возила во вредност од околу еден милион евра, чие официјално примопредавање беше извршено денеска.

Агенцијата за храна и ветеринарство стана член на Извршниот комитет на Европската комисија за контрола на болеста Лигавка и шап

10.05.2017
Eвропската комисија за контрола на болеста Лигавка и шап (EuFMD) - една од најстарите комисии на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО, на 42- та седница на Генералното собрание коja се одржа од 20 до 21 април годинава, по 11 годишно членство на Република Северна Македонија во оваа Комисија, ја избра Агенција за храна и ветеринарство за член на Извршниот комитет на Комисијата за период од наредните две години.

Ќе се интензивира соработката на македонската и Агенцијата за безбедност на храна од БиХ

17.04.2017
Интензивирање на започнатата билатерална соработка на пoлето на безбедноста на храната и здравствената заштитита на животните и размена на искуства и работа на реализација на регионалните преиоритети во оваа област, договорија на вчерашниот состанок директорот Зоран Атанасов и заменик директорот на Агенцијата за безбедноста на храна на Босна и Херцеговина Драган Брењо.

Македонските традиционални јадења ќе станат дел од европското мени

30.03.2017
Агенцијата за храна и ветеринарство потпиша договор со Европската Агенција за безбедност на храната - ЕФСА за реализација на проект за спроведување на истражувања на навиките во исхраната на деца од 1 до 9 годишна возраст, кој ќе го реализира во соработка со Институтот за јавно здравје. Истражувањата ќе се спроведат согласно европската методологија за ваков вид истражувања.

Република Северна Македонија доби дозвола од ЕУ и за извоз на говедско месо

29.03.2017
Македонија и официјално е ставена на листата земји кои може да извезуваат свежо (разладено или замрзнато) говедско месо и преработки од говедско месо во Европската унија, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.

ЕФСА: Брза проценка на жаришта на Salmonella Agona во формулата за новороденчиња

21.03.2017
Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) преку својата мрежа на фокални точки проследи информација дека во соработка со Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) имаат изработено заедничка брза проценка на појава на жаришта на Salmonella Agona поврзана со формула за новороденчиња во повеќе земји.
Детални информации и нацрт текстот на документот се достапни на следниот линк:

ЕФСА|: Дебата и за слободните шеќери

21.03.2017
Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) преку својата мрежа на национални координари проследи информација за отпочнување на јавна консултација во однос на нацрт протокол за научно мислење за слободни шеќери од сите диететски извори.

Промовиран нов твининг проект за подобра контрола на храната и болестите кај растенијата и животните

01.03.2017
Јакнење на пазарната економија и подобрување на конкурентноста на македонските земјоделско-прехранбени производи на пазарите на ЕУ преку ефикасна, гарантирана заштита на потрошувачите и стандардите за безбедност на храната, е целта на новиот твининг проект што во наредните 17 месеци ќе го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со финансиска поддршка на ЕУ.

АХВ, прва државна институција ресертифицирана по стандардот ISO 9001:2015

15.02.2017
Агенцијата за храна и ветеринарство е прва државна институција ресертифицирана по стандардот ISO 9001:2015 за управување со квалитет, што претставува значаен меѓународен сертификат за управување со квалитетот во организацијата. Аудитори од сертификациското тело МКС, дел од меѓународната групација Quality Austria, на 12 и 13 февруари, по спроведената проверка за усогласеност со барањата на ISO 9001:2015 стандардот за управување со квалитет дадоа позитивна оценка за сработеното и го ресертифицираа Системот за квалитет на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Нема небезбедни производи на Лакталис на македонскиот пазар

11.02.2017
Како контакт точка за Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни количини млеко и над 600 млечни производи на компанијата „Лакталис“ за кои Француската влада соопштила дека се повлекуваат од продажба поради стравување дека постои опасност тие да се заразени со салмонела.