ФАО издаде нов прирачник за Африканска свинска чума
Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) издаде нов прирачник за здравјето на животните: Африканска свинска чума: откривање и дијагноза – Прирачник за ветеринарите, достапен и на македонски јазик и албански јазик. Целта на овој прирачник е на ветеринарните техничари и лабораториските дијагностичари да им ги обезбеди потребите информации за брзо дијагностицирање и реагирање при епидемија или случај на Африканска свинска чума.