Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
АХВ преку ИПА проект ќе дигитализира услуги
Агенцијата за храна и ветеринарство, на предлог на Кабинетот на Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции е дел од ИПА проект со кој ќе бидат дигитализирани неколку услуги кои АХВ ќе ги реализира електронски преку Националниот портал на е-услуги.
Бабовски, учесник на регионален состанок во Црна Гора за заштита на здравјето на животните
Креирање на протокол за меѓудржавна регионална соработка и комуникација во контролата и сузбивањето на прекуграничните болести како што се синиот јазик и беснилото, преку размена на искуства и информации, со цел нивно ефикасно спречување и контрола, се дел од темите на кои вчера и денес, со високи претставници од Европската Унија и Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ, во Петровец, Република Црна Гора, дискутираа првите луѓе на ветеринарните служби на Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и соседна Србија.