Експерти од СЗО ја посетија Агенцијата за храна и ветеринарство
Претставници на експертските групи на Светската Здравствена Организација (СЗО) во рамки на нивната работилница за заедничка надворешна евалуација на Меѓународниот здравствен правилник која се одржува во Скопје, ја посетија и Агенцијата за храна и ветеринарство. Целта на посетата е детално запознавање и презентирање на активностите кои Агенцијата ги презема во областа на јавното здравство, здравствената заштита на животните, особено во делот на превентива и контрола на зоонозите, безбедноста на храна и антимикробната резистенција.