“Биди неговиот херој” во Радовиш
Две паралелки третоодделенци од основното училиште Никола Карев од Радовиш беа дел од втората едукативна работилница за одговорно сопствеништво “Биди неговиот херој”, која Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје партнерски ја реализираат во рамки на четвртата фаза од регионалната кампања на Светската организација за задравствена заштита на животните – ОИЕ. Преку едукативен материјал кој Агенцијата го подготви во рамки на оваа кампања, на дечињата им беше објаснето што значи да се биде одговорен сопственик, како да се заштитат милениците и безд