Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Научна конференција за употреба на епидемиолошки наоди при регулаторна проценка на ризик од пестициди

06.10.2017
Научна конференција за употреба на епидемиолошки наоди при регулаторна проценка на ризик од пестициди

Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) организира научна конференција со заинтересираните страни со цел да дискутира за активностите кои се спроведени во изминатите две години во областа на пестицидите. Цел на конференцијата е да размени идеи со заинтересираните страни во однос на предложениот пристап од страна на EFSA даден преку две научни мислења.

Особено внимание ќе се обрне на научното мислење на EFSA со кое се врши истражување на експерименталните токсиколошки ефекти од производите за заштита на растенијата со потенцијалната поврзаност со појавата на паркинсонова болест и леукемија кај децата. Ова мислење е сеуште во нацрт верзија и е предмет на јавни консултации.

Научната конференција ќе се оддржи на 21 ноевмри 2017 година во Парма, Италија.

За учество на конференцијата може да се пријават експерти во областа на епидемиологија на пестициди и регулаторна проценка на ризик од пестициди, а со оглед на фактот дека бројот на учесници ќе биде ограничен, селекцијата на учесниците ќе се врши врз основа на принципот “прв пријавен – прв услужен”.

Учесниците не плаќаат надомест за регистрација и учество на состанокот, но транспортот и сместувањето се на трошок на самите учесници.
Заинтересираните можат да добијат дополнителни информации на следната адреса: focalpoint@fva.gov.mk.

Ознаки
Категорија