Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одржување на работилница за „Хигиена, благосостојба на животни и биосигурносни стандарди на фарма“.

10.09.2019
Одржување на работилница за „Хигиена, благосостојба на животни и биосигурносни стандарди на фарма“.

Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 10-12 септември 2019 година во Скопје се одржува работилница „Хигиена, благосостојба на животни и биосигурносни стандарди на фарма“.

Целта на оваа работилница е да го поддржи вработените на Агенцијата за храна и ветеринарство, како на централно така и на локално ниво, во процесот на соодветно спроведување на мерките за биосигурност на свинските фарми и подобрување на стандардите за благосостојба на животните во индустријата за производство на свињи со посебен акцент на официјалните контроли. Официјалните ветеринари да се стекнат со знаење за вршење на службени контролни активности за биосигурност и благосостојба на животните на фармите.

 

TAIEX работилница 2

 

Со работилницата, сопствениците на индустриските капацитети од оваа област ќе бидат едуцирани во делот на здравствена заштита и благосостојба на животните на фарма, како и биосигурноста кај дивите свињи, со особен акцент на болестите африканска и класична свинска чума.

 

TAIEX работилница 3

 

Со оваа работилница се става акцент на минималните барања за мерките за биосигурност на свинските фарми, минималните барања за контрола и специфичните постапки за благосостојба на свињи за време на одгледување и производство, мерки за контрола и биосигурност за задржување на Африканска свинска чума и Класична свинска чума како на комерцијални свински фарми така и кај малите домашни производители.

Ознаки
Категорија