CODEX ALIMENTARIUS
Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.
![](/sites/default/files/codex/sdg.jpg)
Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).
![](/sites/default/files/codex/sdg-info.jpg)
ЦЕЛИ
- Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
- Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
- Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
- Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.
Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.
![](/sites/default/files/codex/sdg-wheel.png)
Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.