Одделението за управување со човечки ресурси ги спроведува активностите и одговорностите на вработените вклучени во целокупниот процес на вработувањето и мобилноста во државна служба за потребите на органот, како и одјавувањето на вработените од АХВ.
Вработување по јавен оглас
Одделението за управување со човечки ресурси поднесува барање за објавување на јавен оглас за пополнување на работни места за потребите на Агенцијата за храна и ветеринарство до Агенција за администрација со следните податоци:
- Назив на институцијата
- Работните места за кој се објавува огласот
- Огласот се објавува во три дневни весници
- Годишниот план за вработување за тековната година
- Извадок од актот за систематизација на работните места со опис на работното место кое се огласува
- Согласност за одобрени финансиски средства издадено од Министерство за финансии
- Согласност од МИОА за годишниот план за вработување
- Согласност од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор
- Потпишани изјави за обезбедување на тајност и заштита на обработка на лични податоци од страна на членовите од Комисијата за селекција за вработување
- Решение за овластување за вршење на обработка за лични податоци на членовите на Комисијата потпишани од страна на раководното лице на институцијата
Интерен оглас за унапредување
Директорот поднесува барање за започнување на постапката за унапредување до Одделението за управување со човечки ресурси. Одделението за управување со човечки ресурси до Агенцијата за администрација доставува барање за објавување на интерен оглас за унапредување, пријава за унапредување и барање за номинација на член и заменик член во Комисија за селекција за унапредување со цел да се објави интерниот оглас на веб страната на Агенцијата за администрација interenoglas@aa.mk и истиот да се објави истовремено и во нашата веб страна www.fva.gov.mk.