Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

 
ADC-FSS

АХВ почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа

31.07.2024
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа од Хрватска, поради можно присуство на туѓо тело. Станува збор за говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок  на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година

Миланов оствари средба и со првиот човек на македонската дипломатија Тимчо Муцунски

29.07.2024
Целосно усогласување на македонското законодавство со европското со цел непречен увоз на прехранбени производи од  земјите членки на Европската унија и зголемен извоз на прехранбени производи произведени од нашите домашни компании, како основа за развој на македонската економија.

За заштита од болеста чума кај мали преживари, забранети за увоз по еден регион од Грција и Романија

29.07.2024
Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решенија за забрана на увоз и транзит на живи животни (домашни и диви овци и кози), производи и нус производи од животинско потекло од регионот Тулчеа/Tulcea во Република Романија и регионот Трикала/Trikala во Република Грција.

АХВ донесе забрана за увоз и употреба на желудник од живина во производството на подготовки и производи од месо

25.07.2024
Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето, Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од месо.

Спроведени вонредни контроли во Дојран, Охрид, Струга и Преспа, уништени 8,7 тони небезбедна храна

22.07.2024
Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела (од 16 до 19 јули), спроведоа вонредни заселени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени - кетеринг објекти,месарници и маркети) во туристичките центри  Дојран,Охрид,Струга и Преспа.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA