Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес, во Ниш, Република Србија одржа билатерален состанок со неговиот колега, директорот на Управата за ветеринарство на Република Србија, Милош Петровиќ. На состанокот присуствуваа и претставници на Стопанската комора на Република Србија.
Во придружба на својот српски колега и претставници од Комората, директорот Бабовски го посети и Ветеринарниот специјалистички институт, каде заеднички беа разгледани можностите кои ги нуди иницијативата Отворен Балкан и ЦЕФТА договорот за олеснување на процедурата за зголемување и олеснување на трговската соработка меѓи двете држави. За олеснување на процедурите, направени беа неколку усогласувања во насока на интензивирање на трговската размена меѓу Република Северна Македонија и Република Србија.