Одделението за управување со човечки ресурси спроведува постапка за оценување на државните службеници. Со ова постапка се врши вреднување на резултатите на општите и посебните компентенции на државните службеници потребни за остварување на стратешките цели на органот.
Одговорности и овластување за следење на реализацијата и извршување на активностите на постапката за оценување ги има раководителот на одделението за управување со човечки ресурси како и сите вработени во одделението.
Постапката за оценување се состои од:
- полугодишно интервју кое се спроведува најдоцна до 31 мај на административниот службеник од страна на непосредно претпоставен раководителот односно, директорот во случаите кога државниот службеник нема непосредно претпоставен раководител;
- Претпоставениот раководител го оценува вработениот во период од 10 ти до 20 ти октомври со оценки од 1 до 5. Годишната оценка на административниот службеник се добива врз основа на оценката на оценувачот која учествува со 65% и од просечната оценка на другите оценувачи (внатрешни и надворешни) која учествува со 35%.
Одделението за управување со човечки ресурси, на денот на спроведување на оценувањето на Комисијата за спроведување на оценувањето со записник и предава прозрачна кутија, листа за оценување од внатрешни оценувачи и образци за оценување за сите вработени што се оценуваат.
При спроведувањето на оценувањето, Комисијата на внатрешните оценувачи им ги распределува обрасците за оценување, по што, оценувачите анонимно го пополнуваат образецот и истиот го ставаат во кутијата за оценување.
По завршувањето на оценувањето, Комисијата составува записник. Во записникот се наведуваат и отсутните оценувачи.
- Пресметката на оценките се врши од страна на ОУЧР најдоцна до 15-ти декември
- ОУЧР до 31-ви јануари, до МИОА доставуваа извештај со ранг листа на годишни оцени за сите оценети државни службеници.