Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одделение за безбедност на храна од неживотинско потекло

Одделението како редовни активности ги спроведува активностите поврзани со реализација на Годишната Програма за мониторинг на безбедноста на храната во Република Северна Македонија. („Службен Весник на РСМ“ бр. 15/21), [врска] исто така превзема активности кои се однесуваат на постапката на одобрување на здравствените тврдења кои се користат во комерцијални цели при означување, презентација и рекламирање на храната.

Одделението изготвува извештаи за сите активности и анализа за сите добиени резултати од лабораториските испитувања на мострите храна кои се земени во рамки на Програмата и за вкупниот број на решени барања за одобрување на здравствени тврдења кои се користат во комерцијални цели при означување, презентација и рекламирање на храната.

Целта на годишната програма за мониторинг е одредување на присуството и концентрациите на контаминентите во храната, утврдување на присуство на резидуи од пестициди во и на храната, миграцијата на одделни супстанции од материјалите и производите кои доаѓаат во контакт со храната, мониторирање на можно присуство на ГМО храна, мониторирање на органските производи, мониторинг на додатоците на исхраната, утврдување на безбедноста на храна за различни други параметри, микробиолошки критериуми и други опасности во храната, како и евалуација на нивното влијание врз здравјето на човекот.

-Согласно член 27 став (10) алинејата 3 од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 209/23), линк до базата на податоци за максимално дозволените нивоа на резидуи од пестициди на или врз храната во рамки на вредности кои се утврдени согласно со прописите на Европската Унија (EU Pesticides Database) https://food.ec.europa.eu/plants/pesticides/eu-pesticides-database_en.

За реализацијата на Програмата за мониторинг на безбедноста на храната во Република Северна Македонија превземени се голем број на активности од планирање и подготовка на документот, до детално планирање на месечна основа на активностите на инспекторите за храна, за земање на мострите.
Програма за контрола и превентива на одделни физички, хемиски и биолошки опасности во определени видови или категории храна за 2021 година [врска]


Постапка  за одобрување на здравствено/и тврдењ/е/а

Операторот со храна поднесува Барање за одобрување на здравствено/и тврдењ/е/а. [врска] Во прилог на барањето подносителот треба да достави:

  • мислење од Европската агенција за безбедност на храната (ЕFSA) во однос на здравственото тврдење за кое се бара одобрување; [врска]
  • копија од истражувачка работа, вклучувајќи, кога е достапна, и независна ревизија за истата, која била извршена во однос на здравственото тврдење и секаков друг материјал кој е достапен за да се покаже дека здравственото тврдење е во согласност со критериумите утврдени во Правилникот за нутритивни и здравствени тврдења во комерцијални цели при означување, презентација и рекламирање на храната;
  • укажување на информации кои треба да се сметаат за сопственички, придружени со оправдување кое може да се потврди;
  • копија на други научни истражувања (научни трудови објавени во релевантни списанија), кои се релевантни за тоа здравствено тврдење;
  • модел на означување на производот (оригинална амбалажа/читлива копија од производот) или модел на материјал за презентирање или рекламирање на производот;
  • доказ дека се покриени трошоците за постапката за одобрување на здравственото тврдење (уплатница од 400 ден.). [врска]

 
-Регистар на одобрени и неодобрени здравствени тврдења  и Список на здравствени тврдења со запрена постапка "on hold" (здравствени тврдења кои не се наоѓаат  во  регистарот на  нутритивни и здравствени тврдења од Европската Унија, туку се на наоѓаат на листата на чекање на здравствени тврдења за кои не е завршена процената од  страната на Европската агенција за безбедност на храната (ЕFSA) или не е финализирана одлуката од Европската Комисија). [врска]

Законскиот рок во кој Агенцијата може да решава во однос на барањето за одобрување  на здравствените тврдења е од 6 до12 месеци.

 
Легислатива во однос на нутритивните и здравствени тврдења 

  • Закон за безбедност на храната [врска]
  • Правилник за нутритивни и здравствени тврдења во комерцијални цели при означување, презентација и рекламирање на храната (Сл. Весник на Р.М. бр. 65/2013) можете да го преземете тука [врска] (согласно член 29 став 5 од Законот за безбедност на храна Сл. Весник на Р.М. бр.65/2013). 
  • ЕУ Регистар на здравствени тврдења [врска]
  • ЕУ Листа „на чекање“ (on hold)  на здравствените тврдења (ботанички тврдења) [врска]