Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Зоонозите опасни по здравјето на животните и на луѓето

06.07.2023
Зоонозите опасни по здравјето на животните и на луѓето

Зоонозите се болести на домашните и на дивите животни кои се пренесуваат  и на луѓето. Причинители на зоонози се разни видови микроорганизми и тоа вируси, бактерии. паразити, габички и други. Извор на зараза за човекот се домашните и дивите животни, или нивната непосредна средина, доколку е контаминирана со нивни секрети и екскрети, а во одредени случаи и инфицираниот човек, иако тој ретко може да биде извор на зараза.

 

 


Луѓето може да се инфицираат и преку одредени производи млеко,  месо, јајца или суровини - кожи, особено доколку се со непроверено потекло или се добиени од објекти и оператори со храна кои не се одобрени и не се под контрола на надлежен орган. Причинители на зоонози се и инсектите - вектори. Улога на вектори имаат и крлежите, вошките,болвите, комарците како и други инсекти артроподи – истакнува Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство по повод 6 Јули – Светски ден на зоонозите. 


На зоонози најмногу се изложени луѓе кои работат со животни или работат во производство и преработка на производи кои потекнуваат од животни месо, кожа, волна - сточари, ветеринари, ловџии. “Домашните животни, поради поголем контакт со луѓето, многу почесто се извор на зараза од дивите животни, вели Бабовски и апелира, поради овие причини, домашните миленичиња по препорака и совет на ветеринар да се третираат против паразити. Рацете  да се мијат редовно, да не се допираат лицето, областа околу устата и носот со валкани раце, но и граѓаните да не одат боси по трева и да ги одбегнуваат местата каде што има комарци и крлежи”. 

Доколку граѓаните се наоѓаат на место каде што има многу комарци, да носат светла платнена облека со долги ракави и ногавици која ќе го заштити нивното тело од убоди, по прошетка во природа облеката и телото да се прегледаат.


Доколку забележите крлеж, тој треба веднаш да е  се отсрани од страна на стручно лице – лекар. Да се внимава и да не се пие вода од места каде што постојат индикации дека можеби е загадена со животински измет. Храната термички да се третира, да се одбегнуваат контакти со глодари и нивни секрет. Доколку од својата околина мора да се отстрани угинато животно, треба да се користат маска и гумени ракавици, а мршата треба претходно да се дезинфицира со средство за дезинфекција - апелира тој. 


Храната да се заштити од глодари и да се чува на безбедно место. Зеленчукот и овошјето темелно да се мијат пред употреба. 
 

 

2

 

 

3

 

 

1

 

Ознаки
Категорија