Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
ЕФСА редовно организира тренинг активности (вежби) за подготвеност при кризи и поврзани активности за планирање, како да се одговори на можни итни ситуации. Бидејќи кризите неможе да се ограничат во границите на ЕУ, од клучно значење е да се вклучат претпристапните ЕУ земји во таквата вежба за подготвеност.
Концептот „Едно здравје“ не обединува во борбата против антимикробната отпорност
Подигнувањето на свеста за ризиците по здравјето и на животните и на луѓето, но и девастирањето на животната средина предизвикани од отпорноста кон антибимикробните средства, е тема на која континуирано работиме, како институција промовирајќи добри практики за нивна рационална употреба, со единствена цел, ограничување на појавата и ширењето на отпорни микроорганизми.
Бабовски учесник на петтиот состанок на Форумот на директори на ветеринарните служби од Западен Балкан
Денес и утре, во Тирана Република Албанија, директорот учествува на петтиот состанок на Форумот за комуникација и соработка на директорите од Западен Балкан на проектот “Развој на капацитетите на ветеринарните и фитосанитарните служби на Западен Балкан” и на третиот состанок на Управниот комитет на Проектот.
Во Брисел почна состанокот за билатералниот скрининг за Поглавјето 12
Полноправното членство во Европската унија и понатаму претставува стратешка определба на Република Северна Македонија – рече во своето воведно обраќање директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, во својство на раководител на работната група за Поглавјето 12, во рамки на Кластерот 5 – Ресурси, земјоделство и кохезија