Агенцијата за храна и ветеринарство и годинава се приклучува со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 28 Септември, Светски ден на борбата против беснило, кој под мотото ,,Сите за еден, едно здравје за сите,, се надоврзува на успехот на концептот „Едно здравје“ од 2022 година. Фокусот е ставен на соработката, еднаквоста и зајакнувањето на здравствените системи во борбата со беснилото, за постигнување на глобалната цел - нула човечки смртни случаи од беснило пренесено од кучињата до 2030 година (# ZeroBy30).