Во рамките на активностите опфатени со проектните компоненти предвидено е да се реализират серија обуки и студиски патувања во кои ќе бидат вклучени не само вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство туку и други учесници во контролата на болести кај животните и имплементацијата на системот за безбедност на храна (опеартори со храна, ветеринарни друштва, одгледувачи на животни, надлежни институции, лаборатории, ловџии и други инволвирани страни).
Обуки и студиски патувања
Обуки
А1.1 Оперативни документи и клинички посети на животните
Одделението за здравствена заштита на животните има обврска да ја следи здравствена состојба на животните на национално и меѓународно ниво
А1.2-А1.3 Следливост на животните и известување
Две, дводневни работилници за приватните ветеринари и официјалните ветеринари за барањата и обврските за подобрена следливост и евиденција на движење на животните.
А1.5 Echinococcus granulosis
Ќе се обезбеди тренинг на работно место за вработените во АХВ инволвирани во контрола на ехинококоза
А1.6 Аквакултура
Обука за воведување на програмите за контрола и искоренување на болести кај рибите за персоналот на Одделението за здравствена заштита на животните, официјалните ветеринари и операторите со храна (производители на риба)
А1.7 Епидемиолошко истражување
Обука за вршење на епидемиолошка истрага на лице место како теренска обука за употреба на Стандардните оперативни роцедури прирачникот за епидемиолошка истрага како и изготвување на извештај.
А1.9 Симулациски вежби
Предвидено е да се организираат три симулациски вежби за да се идентификува и процени нивото на подготвеност и да се тестираат практичните капацитети, адекватноста и ефикасноста на предложените планови за итни мерки и процедури за одредени болести.
А2.1 Материјали кои доаѓаат во контакт со храна
Две дводневни и една еднодневна работилница фокусирани на општите критериуми за официјална контрола на материјали кои доаѓаат во контакт со храна
А2.2 Рок на траење на храната
Еднодневна обука на работно место за вработените во Секторот за јавно ветеринарно здравство
А2.3 Инсекти
Една еднодневна обука за оператори со храна и официјални ветеринари со осврт на барањата за увоз, производство, преработка, пуштање во промет и употреба на инсекти.
А2.4 Медицирана храна
Обуки на персоналот на АХВ, операторите со храна и фармерите за користење на стандарните оперативни процедури за медицинирана храна
А3.1-А3.2 Пасивен и активен надзор
Обука за презентација и дискусија на утврдените слабости и силните страни на системот за надзор на персоналот вклучен во процесот
А3.3 Пасивен и активен надзор - обука на работно место
Обука на работното место со користење на симулациска вежба и студиска посета фокусирана на ефективно спроведување на официјални контроли
А3.4 Систем за официјални контроли - обука на работно место
Предвидено е да се спроведе обука на работно место за официјални контроли
А4.1-А4.2 Систем за проценка на ризик
Обука за персоналот на АХВ инволвиран во проценка на ризик