Транспонирање на ново усвоеното клучно законодавство на ЕУ
Во рамките на оваа компонента на проектот предвидени се активности кои ќе ја поддржат Агенцијата за храна и ветеринарство, како надлежен орган за здравствена заштита на животните во земјата, да го прилагоди својот систем со новиот систем на ЕУ.
АХВ ќе го преземе новиот концепт на организација на системот за здравствена заштита на животните во ЕУ, регулативата (ЕУ) 2016/429, што се применува од декември 2019 година од страна на земјите-членки на ЕУ. Земајќи ја предвид специфичноста на темата, со прифаќање на новите правила на ЕУ за здравствена заштита на животните, АХВ ќе придонесе за усогласување на одредбите за трговија со животни и производи од животинско потекло во европскиот регион и ќе помогне во избегнување на ширење на заразни болести.
Во рамките на оваа компонента од проектот ќе се изработи Стратегија за здравствена заштита на животните, која ќе ги инкорпорира и координира сите придружни и меѓусебно поврзани активности што имаат влијание или се предуслов за спроведување на мерките за здравствена заштита на животните.
Новата регулатива на ЕУ 2017/625 за официјалните контроли ги обврзува земјите-членки на ЕУ да воспостават систем за ефикасно извршување на официјалните контроли за да обезбедат правилно применување на законодавството на Унијата, со цел да се заштити здравјето на луѓето, животните и растенијата, благосостојбата на животните и, во однос на ГМО и производи за заштита на растенијата, исто така и животната средина. Следејќи го ова, АХВ се стреми да го воспостави новиот систем на национално ниво и да воведе формална и правно обврзувачка координација на официјалните контролни активности опфатени со регулативата