Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Антимикробната отпорност и денес во фокусот на домашната и меѓународната стручна јавност

29.01.2024
Антимикробната отпорност и денес  во фокусот на домашната и меѓународната стручна јавност

- Агенцијата за храна и ветеринарство активно е вклучена во подигнувањето на свеста за ризиците по здравјето и на животните и на луѓето, но и уништувањето на животната средина предизвикани од отпорноста кон антибимикробните средства.

Ова е тема на која континуирано работиме промовирајќи добри практики за рационална употреба на антибиотиците со единствена цел ограничување на појавата и ширењето на отпорни микроорганизми – рече во  денешното обраќање Николче Бабовски, директор на АХВ на стручниот настан за подигнување на јавната свест за антимикробната отпорност.

Настанот е поддржан од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) и Европската унија во рамки на проектот за поддршка и унапредување на антимикробната отпорност во Западен Балкан во рамки на концептот Едно здравје.
Република Северна Македонија има и спроведува законски и подзаконски акти кои прецизно ја уредуваат оваа материја во кои стриктно е дефинирано правилното и одговорно користење на антимикробни ветеринарно медицински препарати со цел спречување или намалување на развојот на резистентни микроорганизми кај животните и луѓето и заштита на здравјето на потрошувачите преку обезбедување на безбедна храна.

- Со Законот за ветеринарно медицински препарати дефинирани се критериумите за одобрување, ставање во промет и употреба на ветеринарно медицинските препарати, а прецизно е дефинирано и користењето. Агенцијата ја спроведува мониторинг програмата за антимикробна отпорност кај предизвикувачите на зоонози, доколку тие претставуваат закана за јавното здравје, со една цел, инкорпорирање на активностите во рамки на својата надлежност во Националната стратегија за борба против антимикробната отпорност – потенцира Бабовски. 

 

Антимикробната отпорност и денес  во фокусот на домашната и меѓународната стручна јавност

 

- Ова е предизвик со кој се соочуваат и најразвиените здравствени системи. Разноликоста на присутните на денешниот собир најдобро ја отсликува реалната заложба за пристап кон концептот Едно здравје, бидејќи само така можеме да постигнеме успех во справувањето со антимикробната отпорност, рече министерот за здравство Фатмир Меџити. 

Во глобални рамки светот продолжува да се соочува со заканата на обезбеденост со храна.

“Како министерство сме свесни за потребата националниот земјоделско прехранбен систем да го направиме отпорен, одржлив и способен да ги постигне целите на ФАО Стратешката Рамка 2022-2031 со обезбедување на поголемо производство, обезбедување на подобра исхрана на населението и заштита на животната средина. Антибиотиците се битен фактор во третирањето на животните. Нивната правилна употреба придонесува за високо продуктивен и одржлив земјоделско прехранбен сектор" – рече во обраќањето министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. 

Антимикробната отпорност и денес  во фокусот на домашната и меѓународната стручна јавност

 

Ваквата состојба е еден вид на тивка епидемија која го загрозува здравјето на луѓето и животните, а во последниот период и животната средина, производството на храна и економската стабилност. 

На настанот, за последиците од влијанието на неконтролираната употреба на антибиотиците врз животната средина и луѓето, и начинот на контрола на нивно издавање за лечење на болестите во хуманата медицина говореа високи претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, Институтот за јавно здравје, Агенцијата за лекови и медицински средства и Ане Јохансон, шеф на Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија. 
Експерти од Европската агенција за безбедност на храната, Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) и од Генералниот Директорат за здравје и безбедност на храната на ЕУ одржаа работни состаноци за антимикробната отпорност со Мултисекторската комисија за контрола на антимикробната отпорност при Министерството за здравство и со стручни лица од министерствата, органите на државна управа вклучени во контролата на антимикробната отпорност и Стопанската, Лекарската и Ветеринарната комора.
 

Ознаки
Категорија