Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Повик за Повеќегодишна програма за тренинг активности во однос на подоготовка при кризни ситуации во делот на безбедност на храна и храна за животни за ИПА Земји кориснички

19.12.2023
efsa

ЕФСА редовно организира тренинг активности (вежби) за подготвеност при кризи и поврзани активности за планирање, како да се одговори на можни итни ситуации. Бидејќи кризите неможе да се ограничат во границите на ЕУ, од клучно значење е да се вклучат претпристапните ЕУ земји во таквата вежба за подготвеност. Инструментот за претпристапна помош (ИПА) обезбедува финансиска и техничка помош за поддршка на реформите во регионот на проширување на ЕУ, градејќи ги капацитетите на корисниците (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција) во текот на процесот на пристапување.

За поддршка на земјите од ИПА во градењето капацитети за справување со идните кризи поврзани со храната, треба да се развие и спроведе повеќегодишна обука за подготвеност при кризи.

Целта на набавката ќе биде да обезбеди повеќегодишна обука за подготвеност при кризни ситуации преку:

  • развивање на годишни планови и материјали за обука, мерки за успешност на обуката;
  • организирање и спроведување на обуката на лице место, собирање повратни информации и мерење на нејзиниот успех;
  • советување на ЕФСА и ИПА земјите преку давање препораки за областите на кои им е потребно дополнително подобрување во подготвеноста при кризи.

Краен рок за пријавување интерес е 2 Јануари 2024 година.

Повеќе информации за самата пред-објава на повикот, целите и очекуваните резултати од тренинг активностите, критериумите за селекција на потенцијалниот учесник можете да најдете на следниот линк: https://www.efsa.europa.eu/en/call/npefsaenrel202303-multi-annual-crisis-preparedness-exercises-food-and-feed-safety-ipa

Ознаки
Категорија