Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

ЕДНО ЗДРАВЈЕ: ЕФСА ги здружува силите со останатите ЕУ агенции

14.11.2023
ЕДНО ЗДРАВЈЕ: ЕФСА ги здружува силите со останатите ЕУ агенции

ЕФСА и нејзините сестрински агенции  (European Centre for Disease Prevention and Control (ECDC), the European Chemicals Agency (ECHA), the European Environment Agency (EEA), and the European Medicines Agency (EMA)) кои обезбедуваат научни совети за животната средина, јавното здравје и безбедноста на храната објавија заедничка изјава за да ја изразат својата заедничка посветеност да ја поддржат агендата „Едно здравје“ во Европа.
Изјавата е потпишана по повод Конференцијата Едно здравје за сите-сите за едно здравје, која се одржа во градот Луксембург на 13 ноември 2023 година. Организирана од Генералниот директорат за здравје и безбедност на храна на Европската комисија (DG SANTE), на конференцијата се направи преглед на моменталната состојба на имплементација на пристапот „Едно здравје“ во Европа и се дискутираше за тоа како дополнително да се зајакне „Едно здравје“ во иднина.

Зборувајќи за работната група, ЕФСА водечкиот научник, д-р Дас Невес потенцираше:

„Извонредните (невообичаени) предизвици со кои се соочува нашата планета денес бараат извонредни напори. Изградбата на безбеден и одржлив систем за храна во Европа е еден таков предизвик, кој ќе бара трансдисциплинарна соработка, координација, комуникација и градење капацитети. Со други зборови, ќе биде потребен пристап за едно здравје. ЕФСА и нејзините сестрински агенции се обврзаа да работат заедно за да го обезбедат овој многу потребен здружен научен совет. Заедно сме посилни!“

Всушност Европа се соочува со сè покомплексни и чести закани за здравјето и благосостојбата, кои служат како потсетник дека здравјето на луѓето е меѓусебно поврзано со здравјето на животните, растенијата и екосистемите. Сега е општо признаено дека одговорот на овие закани бара имплементација на пристапот „Едно здравје“, кој ја препознава потребата за трансдисциплинарна и мултисекторска соработка во доменот на здравјето на луѓето, животните, растенијата и екосистемот.
Повеќе информации за самата изјава можете да најдете на следниот линк: https://www.efsa.europa.eu/en/news/one-health-efsa-joins-forces-eu-agencies

Ознаки
Категорија