Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Интервју на директорот на АХВ за Слободна ТВ

09.05.2023
Интервју со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски

Многу фирми по социјални мрежи се декларираат дека нудат дресури на кучиња и имаат вработено лиценцирани дресери. По трагедијата во Пинтија со смртен исход кога куче нападна дете одговор за ова прашање побаравме од Агенцијата за храна. Дали Македонија има професија лиценциран дресер одговори Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство во денешното гостување во „Утрински печат“ за Слободна ТВ.  Бабовски вели дека рекламите се несоодветен начин на информирање.

 

– Кај нас има овластувања на лица за социјализација на домашните животни, во овој случај на кучињата. Лиценцирани дресери нема бидејќи ниту има закон, ниту пак постои законска основа за такво нешто - вели Бабовски.

Овластените лица кои го спроведуваат тестот за социјализација треба да бидат најмалку од следните профили: кинолошки судија за работа со кучиња од  Кинолошкиот сојуз, кинолошки судија со лиценца од Кинолошкиот сојуз, дресер, или водич на кучиња вработен во единиците на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, лице кои работи со кучиња вработен во Царинската управа и доктор по ветеринарна медицина.

 

"Бабовски, интервју"

 

Овие лица треба да имаат и соодветно работно искуство. Од страна на АХВ, досега се овластени 35 вакви лица.

АХВ нема овластени субјекти за спроведување на ресоцијализација (дресура) на кучиња кои по спроведениот тест за проценка на агресивноста ( тест за социјализација) ќе бидат прогласени за опасни. Сопствениците на опасни кучиња имаат обврска да ги чуваат животните, но, исклучиво во заграден простор, а кога ќе ги шетаат на јавна површина тие задолжително треба да се водени од полнолетно лице и задолжително мора да носат маска.

АХВ има Регистар на опасни бездомни кучиња кои по заловувањето, не го поминале тестот за социјализација. Во интервјуто разговаравме за кучето кое усмрти дете во Пинтија, за состојбата со уличните кучиња, за безбедноста на храната во земјава, но и за многу други теми.

Интервјуто можете да го погледнете на следнава [врска]

 

 

Ознаки
Категорија