Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Бабовски: АХВ мора да биде препознатлива како институција која е синоним за безбедност на храната

17.11.2022
Бабовски: АХВ мора да биде препознатлива како институција која е синоним за безбедност на храната

Усогласување со новата стратегија за здравствена заштита на ЕУ под мотото „Подобро да се спречи отколку да се лечи“ и хармонизирање со новото европско законодавство  за официјалните контроли на целокупниот ланец на храната, се двата клучни приоритета на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Како што рече денеска директорот на АХВ Николче Бабовски, кој беше еден од учесниците на панелот за Кластерот 5 - „Ресурси, земјоделство и кохезија“, во организација на Секретаријатот за европски прашања, посветена на годишниот извештај на Европската комисија, целта е Агенцијата да биде препознатлива како институција која е синоним за безбедност на храната.

 

Подготвен е нов Закон за здравствена заштита на животните кој моментно е во владина процедура, а со неговото донесување ќе се овозможи соодветна рамка за здравјето на животните, подобро спречување, надзор и подготвеност за кризи поврзани со здравствената заштита на животните, значително намалување на потенцијални опасни болести кои предизвикуваат огромни штети, како и нов концепт на здравствена заштита на животните кој е столб во политиката на Европската Комисија, но и во нашите политики поврзани со здравјето на населението и безбедноста на храната,
- истакна Бабовски.

 

2


Тој како новина го најави и Законот за официјални контроли во делот на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика. Целите на законот се, рече, обезбедување високо ниво на заштита на здравјето на луѓето и животните, но и на животната средина, како и високо ниво на заштита на потрошувачите.


Согласно овој закон, операторите носат одговорност во сите фази на производството, преработката и дистрибуцијата кои се под нивна контрола за обезбедување безбедни производи утврдени со нашето законодавство во областа на земјоделско - прехранбениот синџир,
- подвлече Бабовски.


Пред него на панелот зборуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.
 

 

1

 

Ознаки
Категорија