Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одделение за нуспроизводи од животинско потекло

Нуспроизводите се животински трупови, делови од животни, или други материјали кои потекнуваат од животни но не се наменети за исхрана на луѓето. Тие понатака можата нештетно да се отстранат или да се употребат за правење на компост, бигас, храна за животни и домашни миленици или други производи.

Што може да се вклучи како нус-производ од животинско потекло?
Нуспроизводите од животинско потекло може да бидат најразлични материјали создадени во угостителството па до мртвите домашни животни и миленици вклучувајќи:

  • угостителски отпад;
  • масло за готвење;
  • поранешни прехранбени производи;
  • отпадоци од месарите и кланиците;
  • крв;
  • пердуви;
  • волна;
  • кожа;
  • мртви животни од зоолошките градини и циркуските животни;
  • трофеи од лов;
  • ѓубриво;
  • јајца;
  • ембриони и сперма.

Нуспроизводите од животинско потекло се потенцијален извор на ризици за здравјето на луѓето и животните. На пример, несоодветната употреба на нуспроизводите од животинско потекло резултираше со појава на сериозни болести, како што се болеста лигавка и шап, класична свинска чума, птичји грип и ширење на бовината спонгиоформа енцефалопатија (болест на лудите крави).

Со цел да се отстранат или намалат овие ризици постојат перавила за собирање, складирање, транспорт, третман, употреба и отстранување на нуспроизводи од животинско потекло. Законодавството со кое се регулираат правилата и се врши контрола на нуспроизводите од животинско потекло е претставено преку Законот за нуспроизводи од животинско потекло и подзаконските акти кои произлегуваат од него.

 


 

Како најлесно до законската регулатива и потребните обрасци?

Законската регулатива (Законот за нус производи од животинско потекло и правилниците, листите и решенијата кои произлегуваат од него) се објавени во елктронска форма на веб адресата на Агенцијата за храна и ветеринарство на следнава [врска].

Обрасците заедно со придружната документација за потребите на регистрација иили одобрување на Вашата активност или објект се објавени во елктронска форма на веб адресата на Агенцијата за храна и ветеринарство на следнава [врска].