Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Бабовски учесник на петтиот состанок на Форумот на директори на ветеринарните служби од Западен Балкан

12.12.2023
Бабовски учесник на петтиот состанок на Форумот на директори на ветеринарните служби од Западен Балкан

Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација за здравствена заштита на животните за Европа - WOAH, денес и утре, во Тирана Република Албанија, учествува на петтиот состанок на Форумот за комуникација и соработка на директорите од Западен Балкан на проектот “Развој на капацитетите на ветеринарните и фитосанитарните служби на Западен Балкан” и на третиот состанок на Управниот комитет на Проектот.

На дводневниот настан во Тирана, учествуваат претставници на Генералниот Директорат за здравје и безбедност на храната при Европската комисија, Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), претставници од делегациите на Европската унија (ЕУ) во земјите од Западен Балкан како и високи претставници од ветеринарните служби на Република Албанија, како земја домаќин, од Република Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, од Грција и од Унгарија.

 


На состанокот разгледана ќе биде актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите во ЕУ, превентивните и мерки кои се спроведуваат за нејзино ставање под контрола и искоренување, активностите и плановите на WOAH за контрола на оваа и  другите приоритетни  болести  како што се птичјиот грип, беснилото и други,  механизмите  на  Глобалната рамка за прогресивна контрола на меѓуграничните болести кај животните (GF TAD’s), а дефинирани ќе бидат и планираните активности на ова поле за идната година. Унапредувањето на регионалната соработка и интензивирањето на комуникацијата, на регионално ниво и пошироко, со цел ставање под контрола и искоренување на болестите кај животните останува приоритет за нас како институција и за државата во целина, бидејќи тие не познаваат граници, а некои од нив можат да бидат и се исклучително опасни и за луѓето
– вели Бабовски

 

Во однос на актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите ќе се разменат информации за предизвиците и контролата на болеста во земјите од регионот со акцент на појавата на болеста во близина на границите, користењето на националните бази на податоци за идентификација и регистрација и следливост и влијание врз контролата на болеста, убивање на животните и отстранување на труповите, превентивното колење како дополнителна контролна мерка и други сродни теми.

 

Бабовски учесник на петтиот состанок на Форумот на директори на ветеринарните служби од Западен Балкан

 


На првата сесија на Форумот, покрај прашањата за состојбата со надзорот на болестите во Западен Балкан од А листата (кои задолжително се пријавуваат) и презентирање на состојбата со нив во периодот јуни - ноември годинава, презентирани ќе бидат и националните приоритети од областа на здравствената заштита на животните. На втората сесија, учесниците на Форумот ќе дискутираат за стратегијата за контрола и намалување на дивата популација за обезбедување на оптимална координација на националните ресурси во справување со болеста, како и за воспоставување на поактивна прекугранична соработка
– заклучува Бабовски
 

Ознаки
Категорија