Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ по трет пат го ресертифицираше Системот за квалитет и доби позитивни оценки од сертификационо тело MQS за квалитетот на услугите

26.02.2024
ISO 2024

Агенцијата за храна и ветеринарство по трет пат го ресертифицираше Системот за менаџмент со квалитет и доби позитивни оценки од страна на сертификациското тело MQS, регионален парнер на австриското национално сертификационо тело QualityAustria за квалитетот на услугите што ги нуди. Претставници на MQS, на 22 и 23 февруари ја проверуваа функционалноста на документираниот Систем за квалитет, неговата усогласеност со барањата на стандардот за квалитет ISO 9001:2015 и примената во пракса.

Од страна на надворешните аудитори беше изразено огромно задоволство во однос на одржувањето и континуираното подобрувањето на Системот за менаџмент со квалитет, по што беше најавено дека сертификациското тело Quality Austria ќе го продолжи сертификатот за управување со квалитет на Агенцијата за храна и ветеринарство.


Задоволни сме што Агенцијата за храна и ветеринарство целосно ги реализира  сите дадени препораки за подобрување од претходните аудити поради што се постигнати големи резултати од почетокот на сертифицирањето на Системот за квалитет во 2014 година па досега
– посочи Веле Темелкоски, главен аудитор во MQS.


Директорот Николче Бабовски кажа дека од големо значење за Агенцијата за храна и ветеринарство се дадените позитивни оценки за работењето на АХВ особено во пресрет на почетокот на претпристапните преговори за влез во ЕУ. Придобивките од воведувањето на стандардот ISO 9001:2015 во работењето е од големо значење за Агенцијата за храна и ветеринарство, бидејќи тоа придонесува институцијата од година во година да добива додадена вредност во однос на квалитетот на услугите што ги нуди.

 

2024 ISO 2

 

Целокупниот аудит ги опфати сите барања на стандардот, почнувајќи од системските  процеси  на преиспитување на врвното раководство, контекстот на Агенцијата преку влијание на надворешни и внатрешни фактори и заинтересирани страни, оперативните ризици во процесите преку FMEA методологија, управувањето со документацијата во системот, елементите на интерна проверка и дефинирани неусогласености, анализа на задоволство на корисниците на услуги,  како и мерките за континуирано подобрување.

Оперативните процеси беа разгледувани преку преглед на дефинираните и реализираните цели за квалитет, преку приказ на реални и мерливи индикатори и следење на трендот на резултатите по години.

За време на проверката беше утврден значителен успех во однос на резултатите од мерењето на задоволството на корисниците на услуги кое бележи нагорен тренд од 2016 година па до сега.

 

ISO 2024-2

 

Агенцијата ќе продолжи и понатаму да работи на целокупно одржување и подобрување на системот со максимална заложба на сите вработени, во насока на исполнување на барањата и очекувањата на корисниците на нејзините услуги.
 

Ознаки
Категорија