Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес, во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за болеста африканска чума кај свињите #StopASF, која во земјава ја спроведува АХВ под покровителство на Агенцијата за безбедност на храната на Европската унија - EFSA, учествуваше во утринската програма на Македонската телевизија – Македонија наутро.
Тој говореше за текот на кампањата чиј носител на национално ниво е Агенцијата за храна и ветеринарство, како и за идните планови за информирање и едукација за болеста африканска чума кај свињите, кои АХВ ќе ги намени за комерцијалните и индивидуалните фармери, докторите по ветеринарна медицина и ловците.
Освен во Република Северна Македонија оваа кампања чие мото е „Откриј, спречи, пријави“ случаи на АЧС кај домашните и дивите свињи, се спроведува и во 18 држави во Европа.
Емисијата можете да ја погледнете на следната [врска]