Светската организација за здравствена заштита на животните ќе обезбеди експертска помош за справување со болеста африканска чума кај свињите
Итно обезбедување на експертска група и помош во справувањето со болеста африканска чума кај свињите во Република Северна Македонија, договорија на денешниот работен состанок во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), првиот човек на АХВ Николче Бабовски и Др Будимир Плавшиќ, директор на Канцеларијата за Европа на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH).