Одделението за меѓународна трговија и сертификација, ги врши следниве работи:
- учествува во постапката на донесување на законските и подзконските акти;
- врши координација на работењето и спроведување на проектите кои се реализираат при билатерална соработка со одредени земји и други донатори;
- одржува меѓународни и билатерални односи, од областа на ветеринарнатамедицина;
- учествува во одлучување за спроведување на конкретни одлуки за работите во врска со меѓународната трговија и ризиците;
- остварува редовни контакти со другите сектори и одделенија и разменува информации и искуства;
- ги усогласува сертификатите за извоз на производи од животинско потекло во ЕУ и трети земји;
- учествува во подготовката на програми, анализи, информации и други извештаи од областа;
- соработува со други органи на државната управа и превзема мерки за подобрување на стручното работење во одделението.