Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одделение за храна произведена со иновирани технологии и јонизирачко зрачење

Одделение за храна произведена со иновирани технологии, храна третирана со јонизирачко зрачење и други видови храна

Одделението за храна произведена со иновирани технологии, храна третирана со јонизирачко зрачење и други видови храна во рамки на Секторот за нови прехранбени технологии е организирано со цел да врши одобрување на храна или состојки на храна произведени со иновирани технологии, храна третирана со јонизирачко зрачење, природни минерални води, изворски води и пакувани води кои за прв пат се ставаат на пазарот на Република Северна Македонија, а кои поради своите специфики подлежат на посебни барања за безбедност и задолжително одобрување пред да бидат пуштени на пазарот.

Во рамки на одделението се водат и регистрите за одобрени производи од групите на  храна или состојки на храна произведени со иновирани технологии, храна третирана со јонизирачко зрачење, како и природните минерални води, изворски води и пакувани води. Овие регистри редовно се ажурираат и се објавуваат на web страницата на Агенцијата за храна и ветеринарство. Одделението активно учествува и во подготовката на националната мониторинг програма за безбедноста на  храната произведена со иновирани технологии, храната третирана со јонизирачко зрачење и други видови храна во неговиот делокруг.

Меѓу надлежностите на Одделението е и следење на европската легислатива од својата област со цел навремено и ефикасно усогласување на националното законодавство во делот на храна произведена со иновирани технологии, храна третирана со јонизирачко зрачење и природните минерални води, изворски води и пакувани води со правото на Европската Унија.

Со оглед на динамичниот развој на новите прехранбени технологии, сѐ почестата употреба на нови прехранбени состојки чија безбедност е предмет на проценка како и спецификите во однос на безбедноста на храната третирана со јонизирачко зрачење и минералните води, во Одделението работат висококвалификувани кадри кои континуирано соработуваат со стручни лица од други сектори во рамки на АХВ, но исто така по потреба воспоставуваат и соработка со научни институции за важни прашања во врска со овие видови храна.

 

pic 3