Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство врши инспекциски надзор согласно материјалните закони, ги следи и применува прописите од областа во која што работи, вклучувајќи ги меѓународните договори на кои Република Северна Македонија им пристапила или ги ратификувала, подготвува материјали и документи, кои содржат: предлози на нацрти на законски и под законски акти и други прописи и акти, стручни анализи на прашања кои се од значење за примената на законодавството од областа за ветеринарно јавно здравство, стручни анализи, информации и други материјали за работни тела и предлози за планот за работа на Одделението, подготвува извештај за спроведените активности.
Одделението е составено од Официјални ветеринари кои што самостојно извршува работи и задачи кои се вршат во одделението со повремени упатства и надзор од раководителот на Одделението, врши службена контрола, надзор и следење на активности од ветеринарно јавно здравство во кланици, млекарници, други објекти за преработка и пакување, превоз, складирање, објекти за продажба на големо и мало на храна од животинско потекло вклучувајќи го нивното одобрување и придржување кон условите за работа, издава сертификати за безбедност за извоз на храна, зема и испраќа материјали за лабораториско испитување, врши преглед при утовар, истовар и претовар, по претходна координација и усогласеност со раководителот на Одделението за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство и раководителот на Одделението за државна инспекција за здравствена заштита на животните и ги врши и следниве работи: службени контроли, спроведување мерки за здравствена заштита на животните, превенција, контрола и сузбивање на болести кај животните, надзор, следење на болести кај животните и спроведување на ветеринарни контроли при чување, производство и превоз на животни, врши задолжителна ветеринарно - санитарна контрола на производство, преработка, складирање, промет и продажба на храна за исхрана на животни и други производи за исхрана на животните и зема и испраќа материјали за лабораториско испитување и врши преглед при утовар, истовар и претовар, проверка, инспекција и увид на постојана и соодветна примена на добра хигиенска пракса и анализа на ризиците.