Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и оваа година, од 18 до 24 ноември се приклучува кон глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците (World Antibiotic Awareness Week) и Европскиот ден за свеста за антибиотиците (European Antibiotic Awareness Day). Целта на кампањата, која АХВ ќе ја одбележи со неколку активности, е да се подигне свеста за ризиците по здравјето на луѓето и на животните, но и на животната средина, предизвикани од отпорноста кон антимикробните средства. Преку кампањата ќе се промовираат добри практики, со цел, ограничување на појавата и ширењето на отпорни микроорганизми низ целиот свет.
Темата на глобалната кампања за годинава е „Заедно да ја спречиме антимикробната отпорност “, бидејќи таа е закана за луѓето, животните, растенијата и животната средина.
Повеќе за антимикробната отпорност можете да прочитате ОВДЕ