Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

За ЕФСА

ЕФСА - EFSA (Европската агенција за безбедност на храна)

Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) е институција формирана од страна на Европската унија која работи независно од законодавните и извршните институции на Заедницата (Европска комисија, Совет на Европската унија, Европски Парламент) како и од земјите членки на ЕУ.

Европската агенција за безбедност на храна е формирана во 2002 година со цел обезбедување научни совети и активности поврзани со комуникација на ризици кои се однесувааат на ланецот на исхрана. Европската Агенција за безбедност на храна, правно е формирана со влегување во сила на основната верзија на Законот за храна на Европската унија - Регулатива 178/2002.

Со Законот за храна се воспостави систем за безбедност на храна со кој се прави поделба на одговорностите поврзани со проценката на ризик (научна област) и управувањето со ризик (креирање политика). Со воспоставувањето на Европската агенција за безбедност на храна истата има одговорност во делот на проценка на ризици на научна основа и воедно има задача да ги споделува со јавноста своите научни наоди и сознанија.

EFSA е одговорна за изготвување научни мислења и обезбедување научни совети кои претставуваат основа за воспоставување на политиките и законодавството на Европската унија. Во нејзина надлежност се следните области:

  • Безбедност на храна и храна за животни
  • Исхрана
  • Здравствена заштита и благосостојба на животните
  • Заштита на растенија
  • Здравје на растенија


Научните мрежи на EFSA имаат голема улога во процесот на собирање и анализа на податоци, со цел обезбедување дека проценката на ризик на европско ниво е поддржана со најсеопфатни научни информации.

Друга клучна активност која се спроведува во рамките на EFSA коминикација на ризиците поврзани со ланецот на исхрана со што се обезбедува соодветно, прецизно и навремено информирање, со цел подигнување на свеста на професионалната и пошироката јавност.

 

Улога и обврски на Национален координатор и набљудувач во Советодавниот форум на EFSA

Советодавниот форум на EFSA се состои од претставници на националните органи надлежни за безбедност на храна (28 земји членки на Европската унија, Исланд и Норвешка), а претставниците од третите земји односно од земјите со кандидатски статус за членство во ЕУ имаат улога на набљудувачи.

Надлежниот орган за безбедност на храна и ветеринарна политика на секоја земја е одговорен за спроведување на проценка на ризик во ланецот на исхрана на национално ниво.

Членовите во Советодавниот форум на EFSA се претставници на надлежни органи на највисоко ниво, и имаат обврска даразменуваат ставови и носат заеднички заклучоци од областа на проценката и комуникацијата на ризик.

Улогата на Советодавниот форум е да ги верификува активностите на EFSA во однос на научни прашања, работна програма, утврдување приоритети, идентификација на ризици кои се појавуваат итн.

Улогата на членовите на Советодавниот форум на EFSA e да разменуваат информации, ресурси и да ги координираат работните програми на EFSA особено во однос на:

  • Размена на научни податоци
  • Координација на активности поврзани со комуникација на ризик
  • Координација на работните активности и избегнување преклопување на активностите

 


Улога и обврски на Фокална точка на EFSA

Улогата на фокалните точки на EFSA е да делуваат како логистичко-административна поддршка помеѓу EFSA и националните надлежни органи за безбедност на храна, истражувачките институции и други инволвирани страни.

Мрежата на фокални точки на EFSA се состои од членови од сите земји членки на Европската унија вклучително Исланд и Норвешка како и набљудувачи од Швајцарија и земјите со кадидатски статус за влез во Европската унија.

Фокалните точки значително ја подобруваат научната соработка и активностите поврезани со ширење на мрежата помеѓу земјите членки и EFSA, особено во однос на:

  • Поддршка при размена на научни информации и експерти,
  • Поддршка при активности за соработка и спроведување научни проекти,
  • Промовирање на можности за обуки од област на проценка на ризик,
  • Промовирање на научните достигнувања на EFSA и достигнувањата на земјите членки на ЕУ.

 


Научни мрежи

Европската агенција за безбедност на храна координира одреден број научни мрежи во кои членуваат претставници од земји членки на ЕУ назначени од релевантни институции. EFSA може да покани и претставници од Европската комисија и други организации како и претставници од земји со кандидатски статус за членство во ЕУ да номинираат свои претставници во научните мрежи.

Научните мрежи на EFSA даваат поддршка на научната соработка преку координација на активностите, размена на информации, развој и спроведување заеднички проекти, размена на експерти и најдобри практики.

 

Европска агенција за безбедност на храна EFSA