НАЦИОНАЛНА СТРУКТУРА
Согласно член 120 од Законот за безбедност на храната (Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14 , 72/15, 84/15, 129/15, 213/15 и 39/16) Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: Агенцијата) како орган надлежен за безбедност за храна и ветеринарна политика, има улога на контакт точка и Национален координатор за работи поврзани со Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) во Република Северна Македонија.
Република Северна Македонија , која има статус на кадидат - земја за влез во Европската унија, има право да назначува претставници во работните тела на EFSA, кои имаат улога на набљудувачи. Номинираните претставници во работните тела имаат право да присуствуваат на состаноците на соодветните работни групи, вклучени се во мрежата за размена на релевантни информации и учествуваат во активностите кои се спроведувааат во рамките на соодветните научни мрежи.
Република Северна Македонија, во овој момент, е вклучена во активностите следните работни групи на EFSA:
• мрежа на Советодавен форум,
• мрежа на Фокални точки,
• експертска мрежа за комуникација,
• научна мрежа за размена на податоци за појава на хемиски контаминенти,
• научна мрежа за размена на податоци за потрошувачка на храна,
• научна мрежа за размена на податоци за мониторинг на пестициди,
• научна мрежа за собирање на податоци за зоонози,
• научна мрежа за собирање на податоци за антимикробна резистентност,
• научна мрежа за собирање на податоци за алиментарни интоксикации,
• научна мрежа за собирање на податоци за резидуи од ветеринарно медицински препарати,
• научна мрежа за проценка на ризик од областа на здравствената заштита и благосостојба на животните,
• научна мрежа за проценка на ризик од областа на здравје на растенијата.
Улога и обврски на Национален координатор и набљудувач во Советодавниот форум на EFSA
Советодавниот форум на EFSA се состои од претставници на националните органи надлежни за безбедност на храна (28 земји членки на Европската унија, Исланд и Норвешка), а претставниците од третите земји односно од земјите со кандидатски статус за членство во ЕУ имаат улога на набљудувачи.
Надлежниот орган за безбедност на храна и ветеринарна политика на секоја земја е одговорен за спроведување на проценка на ризик во ланецот на исхрана на национално ниво.
Членовите во Советодавниот форум на EFSA се претставници на надлежни органи на највисоко ниво, и имаат обврска даразменуваат ставови и носат заеднички заклучоци од областа на проценката и комуникацијата на ризик.
Улогата на Советодавниот форум е да ги верификува активностите на EFSA во однос на научни прашања, работна програма, утврдување приоритети, идентификација на ризици кои се појавуваат итн.
Улогата на членовите на Советодавниот форум на EFSA e да разменуваат информации, ресурси и да ги координираат работните програми на EFSA особено во однос на:
- Размена на научни податоци
- Координација на активности поврзани со комуникација на ризик
- Координација на работните активности и избегнување преклопување на активностите
Улога и обврски на Фокална точка на EFSA
Улогата на фокалните точки на EFSA е да делуваат како логистичко-административна поддршка помеѓу EFSA и националните надлежни органи за безбедност на храна, истражувачките институции и други инволвирани страни.
Мрежата на фокални точки на EFSA се состои од членови од сите земји членки на Европската унија вклучително Исланд и Норвешка како и набљудувачи од Швајцарија и земјите со кадидатски статус за влез во Европската унија.
Фокалните точки значително ја подобруваат научната соработка и активностите поврезани со ширење на мрежата помеѓу земјите членки и EFSA, особено во однос на:
- Поддршка при размена на научни информации и експерти,
- Поддршка при активности за соработка и спроведување научни проекти,
- Промовирање на можности за обуки од област на проценка на ризик,
- Промовирање на научните достигнувања на EFSA и достигнувањата на земјите членки на ЕУ.