Безбедноста на храната и правилната исхрана се есенцијални предуслови за здравје и блaгосостојба на населението на една земја и треба да бидат инегрирани во сите политики, не само во здравствената политика, туку и во националната економија, земјоделството, туризмот и трговијата. На 20 декември 2018 година генералниот секретар на Собранието на Обединетите нации донесе резолуција 73/250 за прогласување на Светски ден за безбедност на храната. Почнувајќи од 2019 година, 7 јуни ќе биде ден да се означи со активности кои укажуваат на придобивките од безбедна храна, но и евентуалните пропусти и недостатоци во ланецот на безбедна храна.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов по повод првиот Светски ден за безбеднсот на храната - 7 јуни, беше гостин во емисијата Отворено Студио 1 на 1 ТВ.
Емисијата може да ја погледнете на следнава [врска]