Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Воведени мерки за спречување на ширење на болеста Чума кај мали преживари

02.07.2018
Воведени мерки за спречување на ширење на болеста Чума кај мали преживари

Со цел спречување на внесување, навремено забележување и пријавување на болеста Чума кај мали преживари, која од 22 јуни годинава е потврдена и во соседна Бугарија, а во земјите од регионот присутна е и во Турција, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи од млеко од домашни и диви мали преживари, како и нуспроизводи од домашни и диви мали преживари во Република Северна Македонија од Република Бугарија како и мерки за брза реакција и успешно справување при евентуална појава на болеста и кај нас.
Чумата кај малите преживари (овци и кози) е вирусно заболување кое брзо се шири во стадото и предизвикува големи економски загуби кај оваа категорија животни и не претставува опасност за луѓето. Симптоми по кои може да се препознае ова заболување во стадото се: треска, рани во устата, дијареа, пневмонија (проблеми со дишењето), абортуси кај гравидните животни, смрт кај животните. Болеста најтешко се манифестира кај младите животни, а кај козите повеќе од овците.
Вирусот се излачува преку солзите, назалниот секрет, со кашлање и преку изметот од заразените животни, а болеста се шири преку директен и близок контакт меѓу животните. Водата, коритата за исхрана на животните и постелката, исто така, може да бидат контаминирани со секрети и да бидат дополнителни извори на инфекцијата.
Чумата кај малите преживари е болест која се наоѓа на листата на болести на Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE) кои задолжително треба да се пријават. Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до одгледувачите на овци и кози, до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари да го пријават секое сомнително грло и доколку и кај едно животно забележат симптоми на оваа болест, на сите животни од одгледувалиштето да им се оневозможи движење надвор од одгледувалиштето од каде не смее да се изнесуваат и производи од животинско потекло, опрема, измет и ѓубре.
Агенцијата достави известување до сите ветеринарни друштва да го зголемат нивото на претпазливост и веднаш да пријават до официјалните ветеринари евентуални сомнителни грла.

Ознаки
Категорија