Во рамките на проектот како дел од активностите опфатени со четвртата проектна компонента на 7 септември 2022 година се одржа првата еднодневна работилница за Анализа на ризик – Преглед на принципи и практични аспекти, предводена од експертот за анализа на ризик, Лука Бусани.
Главна цел на работилницата беше да се воспостави заеднички јазик и разбирање за проценката на ризикот меѓу учесниците преку преглед на принципите на проценката на ризикот во областа на безбедноста на храната, здравствената заштита на животните и здравствената заштита на луѓето со што ќе се олесни соработката и размената на информации меѓу институциите и експертите за воспоставување капацитети за проценка на ризик на национално ниво.
На работилницата зедоа учество претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, Фармацевтскиот факултет, Факултетот за ветеринарна медицина, Министерството за здравство и Заводот за јавно здравје.