Одделението за здравствена заштита на животните има обврска да ја следи здравствена состојба на животните на национално и меѓународно ниво
Обуки
Компонента 1 – Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните
Две, дводневни работилници за приватните ветеринари и официјалните ветеринари за барањата и обврските за подобрена следливост и евиденција на движење на животните.
Ќе се обезбеди тренинг на работно место за вработените во АХВ инволвирани во контрола на ехинококоза
Обука за воведување на програмите за контрола и искоренување на болести кај рибите за персоналот на Одделението за здравствена заштита на животните, официјалните ветеринари и операторите со храна (производители на риба)
Обука за вршење на епидемиолошка истрага на лице место како теренска обука за употреба на Стандардните оперативни роцедури прирачникот за епидемиолошка истрага како и изготвување на извештај.
Предвидено е да се организираат три симулациски вежби за да се идентификува и процени нивото на подготвеност и да се тестираат практичните капацитети, адекватноста и ефикасноста на предложените планови за итни мерки и процедури за одредени болести.
Компонента 2 – Зајакнување на капацитетот за безбедност на храна
Две дводневни и една еднодневна работилница фокусирани на општите критериуми за официјална контрола на материјали кои доаѓаат во контакт со храна
- -
Еднодневна обука на работно место за вработените во Секторот за јавно ветеринарно здравство
Една еднодневна обука за оператори со храна и официјални ветеринари со осврт на барањата за увоз, производство, преработка, пуштање во промет и употреба на инсекти.
Обуки на персоналот на АХВ, операторите со храна и фармерите за користење на стандарните оперативни процедури за медицинирана храна
Компонента 3 – Подобрен систем на официјални контроли
Обука за презентација и дискусија на утврдените слабости и силните страни на системот за надзор на персоналот вклучен во процесот
Обука на работното место со користење на симулациска вежба и студиска посета фокусирана на ефективно спроведување на официјални контроли
Предвидено е да се спроведе обука на работно место за официјални контроли