Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

 
ADC-FSS

Одржан координативен состанок за предлог законот за донирање вишоци храна

15.05.2023
Денес во Дојран, заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, министерката за животна средина Каја Шукова и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, учествуваше на  координативен состанок на работната група за финализирање на предлог законот за донирање на вишоци храна.

Млекото и млечните производи се безбедни, Бруцелозата се испитува во повеќе фази

11.05.2023
По кој знае кој пат и вчера преку објавен ФБ статус, Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ се обиде да ја изманипулира и заплаши јавноста дека во опасност е доведено здравјето на потрошувачите поради неспроведената јавна набавка за лабораториско испитување на болеста бруцелоза.

Интервју на директорот на АХВ за Слободна ТВ

09.05.2023
Многу фирми по социјални мрежи се декларираат дека нудат дресури на кучиња и имаат вработено лиценцирани дресери. По трагедијата во Пинтија со смртен исход кога куче нападна дете одговор за ова прашање побаравме од Агенцијата за храна. Дали Македонија има професија лиценциран дресер одговори Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Ќе може да се врши репопулација на свињарските фарми на цела територија на Македонија, но, мора да се почитуваат дефинираните услови

28.04.2023
Во државата нема ниеден регион, ниедна општина каде што се спроведуваат заштитните и контролните мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите, односно, со негативните резултати кои ги добивме од земените мостри од кланиците и извршените клинички прегледи, може да кажеме дека сега државава е слободна од болеста кај питомата популација свињи.

Успешно спроведена симулациската вежба за справување со болеста лигавка и шап

27.04.2023
Функционален и оперативен е воспоставениот систем за заштита од болеста лишавка и шап во Република Северна Македонија, заклучија на денешниот завршен состанок стручни лица на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи на Република Црна Гора.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA