Во пракса, активностите опишани во компонентата 1 укажуваат на потребата од обука на корисникот применлива за повеќе болести кај животните, вклучувајќи анализа, ревизија, дефинирање на оперативни документи и дефинирање на барања за подобрување на контролните системи за здравствена заштита на животните.
Компонентата вклучува 10 различни активности.
Активности
Активност А1.1 – Подготовка на оперативни документи за посета на одгледувалишта
Подготовка на оперативни документи за имплементација на европскиот Закон за здравствена заштита на животните на национално ниво, вклучувајќи и протокол за вршење на клинички посети на животните
Активност А1.2 – Превенција и контрола на болести кај животните во однос на нивното движење и следливост.
Целта на оваа активност е да обезбеди подобрен систем за следливост на животните и верификација на барањата за здравствена заштита на животните во однос на движењето и процесот на сертификација
Активност А1.3 – Подобрено известување за болести кај животните
Главната цел на оваа активност е да се зајакне пасивниот надзор во земјата преку обезбедување на стандардизирани податоци што ќе им овозможи на надлежните органи да донесат навремени и информирани одлуки.
Активност А1.4 – Програма за обуки и нивно спроведување
Крајната цел е да се подобрат знаењата и техничките капацитети на персоналот на АХВ за спроведување на новиот Закон за здравствена заштита на животните и Законот за официјални контроли.
Активност А1.5 – Подготовка на програма за контрола на ехинококоза
Неопходно е да се изврши анализа на епидемиолошката состојба за ехинококозата, а особено нејзиното влијание врз јавното здравје.
Активност А1.6 – Подобрена контрола на болести кај аквакултурата
Прв чекор кон подготовка на акционен план за програма за надзор и контрола на болестите кај рибите, особено на вирусната хеморагична септикемија
Активност А1.7 – Спроведување на епидемилошки истраги
Целта е ветеринарните инспектори и теренските ветеринари да имаат униформен пристап при спроведувањето на предвидените мерки за контрола на болести кај животните.
Активност А1.8 – Подобрен систем за рано откривање на болести и подготвеност за итни случаи
Целта на оваа активност е да се овозможи рано откривање и ефикасна контрола на особено опасни и новопојавени болести кои може да резултираат со брзо ширење и да предизвикаат катастрофални последици во сточарската индустрија.
Активност А1.9 – Подготовка и организација на симулациски вежби
Целта на оваа проектна активност е да придонесе за подготвеноста на АХВ за справување со итни случаи при појава на особено опасни заразни болести кои ја загрозуваат сточарската индустрија и се потенцијална опасност за здравјето на луѓето.
Активност А1.10 – Подобрено искоренување на болести од листата Б и Ц
Целта на оваа активност е да се контролираaт и искоренат одредени болести кај животните од листата Б и Ц со одржлив пристап и постигнување на најдобар сооднос на трошоци и придобивки.