Цели

Глобални цели

Осигурување на безбедноста на храната и добиточната храна и подобрување на здравјето на животните преку активности кои ќе придонесат за искоренување на болестите и прогласување на официјално слободен статус за одредени болести во земјата, како и намалување на  контаминентите и другите ризици во храната.

Специфична цел

Понатамошно зајакнување на постоечките системи на надлежни институции со цел подобрување на здравјето на животните и јавното здравје во државата.

Намена

Поддршка на прогресивно усогласување на контролата на здравјето на животните и системот за безбедност на храна и обезбедување на надградба на техничкиот капацитет на Агенцијата за храна и ветеринарство до повисоките стандарди на Европската Унија за да се обезбеди подобра контрола на здравјето на животните и ефикасен систем за безбедност на храна.