Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

EFSA ја започна кампањата Safe2Eat за 2024 година

10.05.2024
EFSA ја започна кампањата Safe2Eat за 2024 година

Би сакале да ве информираме дека EFSA и нејзините партнери во ЕУ земији членки и ЕУ земји кандидати  ја започнаа кампањата Safe2Eat за 2024 година.

Од порано позната како #EUChooseSafeFood, кампањата се враќа како ребрендирана и и со обновена заложба за промовирање на свеста за безбедноста на храната кај европските граѓани.

Кампањата Safe2Eat има за цел да ги информира граѓаните за различните аспекти на безбедноста на храната, овозможувајќи им да направат избор на храна со увереност за безбедност и да ја зголемат нивната доверба во системот за храна на ЕУ. Кампањата првенствено е насочена кон европските граѓани на возраст меѓу 18 и 55 години. Таа е наменета за членовите на пошироката јавност, од оние со високо ниво на свест и мала грижа за безбедноста на храната, до оние кои се многу загрижени и помалку информирани.

Дознајте повеќе за самата кампања на следниот линк: https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat

trusted science safe food
Ознаки
Категорија