Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Невистинити се обвинувањата на Анима Мунди за измачување на свињите во Таринци

07.09.2023
Агенција за храна и ветеринарство

Монструозни се обвинувањата на здружението за заштита на животните Анима Мунди дека на милост и немилост, без храна, вода и елементарни услови за живот се оставени свињите од фармата во село Таринци, Општина Карбинци, каде во тек е спроведувањето на мерки за еутаназија согласно донесените решенија на Агенцијата за храна и ветеринарство за справување со болеста африканска чума кај свињите, која беше потврдена на фармата. Како одговорна институција и за благосостојбата на животните, вклучително и за оние кои се опфатени со овие мерки и кои треба да бидат еутаназирани, најодговорно тврдиме дека  во соопштението на здружението се изнесени лаги. 

Еутаназијата на животните се спроведува по највисоки стандарди и строго дефинирани процедури, во присуство на официјални ветеринари под чиј надзор се преземаат сите активности, почнувајќи од утврдување на здравствената и благосостојбата на животните кои треба да се еутаназираат, па се до преземањето на мерките за нештетно отстранување на убиените животни на фармата.  Најодговорно тврдиме, животните кои треба да се еутаназираат не се оставени сами да умрат како што грубо се тврди во соопштението.  

Согласно одредбите на Законот за заштита и благосостојба, на фармата во Таринци се врши редовен дотур во силосите за исхрана, животните се снабдени со доволни количини питка вода и сместени во соодветни објекти кои се добро проветрени и осветлени. 
Во услови на справување со епидемија, изнесувањето на вакви невистини и манипулирањето со јавноста не оди никому во прилог и е за најголема осуда.
 

Ознаки
Категорија