Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Кампањата на EFSA за подигнување на јавната свест за болеста африканска чума кај свињите промовирана на МТВ

20.06.2023
Кампањата на EFSA за подигнување на јавната свест за болеста африканска чума кај свињите промовирана на МТВ

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес, во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за болеста африканска чума кај свињите #StopASF, која во земјава ја спроведува АХВ под покровителство на Агенцијата за безбедност на храната на Европската унија -  EFSA, учествуваше во утринската програма на  Македонската телевизија – Македонија наутро.

Тој говореше за текот на кампањата чиј носител на национално ниво е Агенцијата за храна и ветеринарство, како и за идните планови за информирање и едукација за болеста африканска чума кај свињите, кои АХВ ќе ги намени за комерцијалните и индивидуалните фармери, докторите по ветеринарна медицина и ловците.

 

"Кампањата на EFSA за подигнување на јавната свест за болеста африканска чума кај свињите промовирана на МТВ"

 

Освен во Република Северна Македонија оваа кампања чие мото е „Откриј, спречи, пријави“ случаи на АЧС кај домашните и дивите свињи, се спроведува и во 18 држави во Европа.

Емисијата можете да ја погледнете на следната [врска]

 

Ознаки
Категорија