Општи услови за безбедност на храна за животни
Под безбедност на храна за животни се подразбира безбедноста во однос на органолептичките особини, квантитативниот и квалитативниот состав, микробиолошката исправност и безбедноста во однос на присуството на непожелните супстанции и производи. Храната за животни органолептички треба да биде таква што нејзините природни својства (конзистенција, изглед, боја, мирис и вкус) не се променети и количествата хранливи состојки вградени во храната за животни вклучувајќи ги и адитивите треба да одговараат на потребите на одделни видови и категории на животни и да немаат негативно влијание на здравјето на животните односно да не го загрозуваат здравјето на луѓето и животната средина.
Храната за животни и сировините за производство на храна за животни се безбедни доколку:
- не содржат хормони, седативи, тиреостатици и антибиотици и други фармаколошки активни супстанции и супстанции кои не се дозволени за употреба во исхраната на животните;
- не содржат неоргански материи над максимално дозволените количества;
- показателите на хемиското разлагање не се над максимално дозволените вредности;
- не содржат сапрофитски микроорганизми над максимално дозволениот број;
- не содржат патогени микроорганизми над максимално дозволениот број;
- не содржат токсини на токсигени бактерии (Clostridium botulinum, Clostridium perfringens и Staphylococcus pyogenes) во 1 грам;
- не содржат токсини и токсигени габички над максимално дозволениот број;
- не содржат отровни растенија и паразитски габички над максимално дозволените количества;
- не содржи адитиви за храна за животни, освен адитивите кои имаат поволни ефекти и и даваат поволни карактеристики на храната за животни;
- не е органолептички изменета, односно, природните својства (конзистенција, изглед, боја, мирис и вкус) поради физички, хемиски, микробиолошки или други процеси им се изменети и не се повеќе соодветни за исхрана на животните;
- не се механички загадени со примеси кои може да бидат штетни по здравствената состојба на животните;
- се со соодветен квалитативен и квантитативен состав кој ја одредува биолошката вредност, искористливост и употребливост на храната за животни, односно ги содржи составните делови што се определени со прописите за квалитет и со декларацијата на производителот и
- се со соодветна декларација.
Правилник за општи и посебни барања за безбедност на храната за животни (Службен весник на РМ бр. 149/12 и 53/13) [врска]
- Годишна Програма за мониторинг за безбедност на храната за животни
- Регистрација на објект и оператор со храна за животни
- Одобрување на операторите со храна за животни и објектите за производство, обработка и манипулација со храна за животни
- Регистрација на правни лица кои вршат дејност – увоз на храна за животни
- Листа на суровини на храна за животни
- Адитиви за храна за животни
- Храна за животни наменета за посебни нутритивни цели
- Медицирана храна за животни
- Генетски модифицирана храна за животни
- Начин на означување и идентификација на храната за животни