Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Планови за итни мерки

Одделението за планови за итни мерки опфаќа активности и мерки кои се однесуваат на особено опасни заразни болести кај животните кои доколку се појават предизвикуваат големи економски штети и загуби кај одгледувачите на животни и стопанството во целост. 

Во различни документи кои се изработуваат во одделението се  пропишува ланецот на наредби кој ќе гарантира брз и ефективен процес на донесување на мерки за борба со болести кај животните, составот, компетентноста и работните задачи на центрите за контрола на болести, експертска група која и помага на Агенцијата во одржувањето на високо ниво на стручност и приправност во услови кога болеста не е појавена како и експертска помош на Агенцијата во случај на појава на болести, соодветни средства за да се обезбеди брзо и ефикасно споредување на мерките, персоналот, опремата и лабораторискиот капацитет, ажуриран оперативен прирачник за секоја поединечна болест, во кој на разбирлив и практичен начин детално се опишани сите активности, мерки, процедури, инструкции и контролни мерки кои се применуваат при појава на жариште на болест, подготовки за итна вакцинација и организирање на редовни обуки во службата и кампањи за информирање на јавноста .

 

ПРАВНА РАМКА

  • Одлука за планови за итни мерки [врска]
  • Програма за сузбивање и искоренување на особено опасни заразни болести (Сл.в.бр. 82/07) [врска]
  • Процедура за планови за итни мерки кај животните [врска]
  • План за итни мерки и оперативен прирачник за Лигавка и шап[врска]
  • План за итни мерки и оперативен прирачник за Африканска чума кај свињите[врска]
  • План за итни мерки и оперативен прирачник за Чума кај мали преживари [врска]
  • План за итни мерки и оперативен прирачник за класична чума кај свињите [врска]
  • План за итни мерки и оперативен прирачник за авијарна инфлуенца [врска]
  • План за итни мерки и оперативен прирачник за сипаници кај овци и кози [врска]
  • План за итни мерки и оперативен прирачник за болести кај животни од аквакултура [врска]
  • План за итни мерки и оперативен прирачник за болеста чвореста кожа [врска]

 

БИОСИГУРНОСНИ МЕРКИ

Воведувањето на биосигурносните мерки на одгладувалиштата на животни е во насока на намалување на ризикот од внес и ширење на болести кај животните. Спроведувањето на биосигурносните мерки на одгледувалиштето треба да овозможи подобра контрола на здравствената заштита на животните, да го намали внесот на патогени причинители во одгледувалиштето, кои понатаму би можеле да имаат диреко влијание во процесот на производство, здравствениот статус на животните и здравствениот статус на самото одгледувалиште во целина.
Нивото на кое се спроведени биосигурносните мерки на одгледувалиштето зависи и е одговност на одгледувачите на животни.

 

  • Прирачник за воведување на биосигурносни мерки на одгледувалишта на свињи [врска]
  • Прирачник за биосигурносни мерки на одгледувалишта за аквакултура [врска]
  • Упатство за биосигурносни мерки за заштита при влез и излез на сомнително или заразено одгледувалишта [врска]

 

 

 

ЛИСТА НА БОЛЕСТИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПЛАНИРАЊЕ НА ИТНИ МЕРКИ

 Согласно Регулативата на комисијата за имплементирање (ЕУ) 2018/1882- Commission Implementing Regulation (EU) 2018/1882 и воспоставената национална правна рамка, болести кои се предмет на планирање на итни мерки се болестите од категорија „А“ и се наведени подолу. Болести од категорија „А“ не се појавуваат вообичаено, а доколку се појават предизвикуваат големи економски загуби, штети во сточарството и може да претставуваат ризик по здравјето на луѓето и јавното здравје. При појавување на болест од оваа листа потребно е брзо и итно преземање на мерки за искоренување на болеста. 

  1. Лигавка и шап (Foot-and-mouth disease)
  2. Чума кај говеда (Rinderpest)
  3. Трска на долината рифт (Rift Valley fever)
  4. Болест на чвореста кожа (Lumpy skin disease)
  5. Контагиозна плеуро- пнеумонија кај говедата (Contagious bovine pleuropneumonia)
  6. Сипаници кај овци и кози (Sheep pox and goat pox)
  7. Чума кај мали преживари (Peste des petits ruminants)
  8. Контагиозна плеуро- пнеумонија кај кози (Contagious caprine pleuropneumonia)
  9. Африканска болест кај копитари (African horse sickness)
  10. (Glanders- инфекција со Burkonderia mallei)
  11. Класична чума кај свињите (Classical swine fever)
  12. Африканска чума кај свињите (African swine fever)
  13. Авијарна инфлуенца (Avian influenza)
  14. Њукастелска болест (Newcastle disease)
  15. Болести кај рибите: (Епизоотска хематопоетска некроза/Epizootic haematopoietic necrosis)