Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одделение за генетски модифицирана храна

Одделението за генетски модифицирана храна во рамки на Секторот за нови прехранбени технологии е надлежно за подготовка на легислатива и мониторинг планови за контрола на храната која содржи или е составена од генетски модифицирани организми.

Согласно организацијата и систематизација на надлежностите, ова одделение е задолжено за континуирано следење на европската легислатива за ГМО храната и предлагање соодветни измени во националната легислатива согласно Законот за безбедност на храната.

Една од основните активности на одделението е и учеството во креирањето на националната мониторинг програма за безбедност на храната, во делот на ГМО храната, како и во анализа на добиените резултати од спроведувањето на оваа програма во РСМ. Одделението исто така учествува во подготовка на планот за контрола на ГМО храна и има надлежност да одобрува ГМО храна и да води регистри за одобрената ГМО храна.

Поради брзиот технолошки развој и континуираната авторизација на нови генетски модифицирани организми од страна на Европската Комисија – DG Sante, Одделението ги следи новините поврзани со ГМО храната, истите ги обработува и проследува до администраторот на веб - страната на АХВ.

Исто така, Одделението воспоставува соработка со научни институции за прашања поврзани со ГМО храната и претставува контакт точка на Република Северна Македонија за ГМО храна - платформата на FAO, на која може да се пристапи преку следниот линк:

 

gm1 gmo2