Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

На пазарот нема небезбедни безалкохолни сокови

14.11.2023
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено нотификација преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна и храна за животни (RASSF)  дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден безалкохолен пијалак. 

Во регистарот за збогатена храна на Агенцијата за храна и ветеринарство регистриран е безалкохолен пијалак PRIME HYDRATION DRINK за кое АХВ има издадено одобрение за ставање во промет. Кај нас е одобрена верзијата без кофеин т.е. производи декларирани како пијалаци  за хидратација (PRIME HYDRATION DRINK) кои се збогатени со витамини и амино киселини, со различни вкусови. 

За овие производи постои Мислење од Фармацевтски факултет дека истите можат да се употребуваат како збогатена храна, почитувајќи ги препораките за консумација и предупредувањата наведени на означувањето на овие производи.

Апелираме до потрошувачите доколку на пазарот најдат производ од овој бренд кој не е регистриран /одобрен од Агенцијата, тоа да го пријават во АХВ, лично, на бесплатната линија за потрошувачи 0800 3 22 22 или електронски на info@fva.gov.mk.

Ознаки
Категорија