Инструментот на Европската комисија- ТАЕКС (Техничка помош и размена на информации), оваа година одбележува 25 години од неговото воспоставување.
Од неговото создавање во 1996 година, опсегот и досегот на инструментот TAЕКС значително се прошири. Истиот првично беше формиран за да ги поддржи тогашните земји-кандидати од Централна и Источна Европа во нивното пристапување во ЕУ. Во 2000-тите, TAЕКС најпрво се прошири за да ги опфати Кипар и Малта, а набргу потоа и во Турција и Западен Балкан.
Денес, TAЕКС е достапен за сите земји опфатени со Европската политика за добрососедство во источна и јужна Европа, како и за земјите и териториите опфатени со Инструментот за партнерство и развојните политики на ЕУ. Земјите-членки на ЕУ, исто така имаат корист од TАЕКС во делот на размена на искуства помеѓу колегите во областите на кохезионата политика, структурните реформи и политиката за животна средина.
На својот 25-ти роденден, TAЕКС ги промовира стандардите на ЕУ ширум светот. Досега, TAЕКС има поддржано повеќе од 90 земји партнери со мобилизирање над 40.000 експерти во повеќе од 26.000 настани.
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија како надлежен орган задолжен за спроведување на европските политики од поглавјето 12- безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, има децениско искуство во искористувањето на ТАЕКС инструментот. ТАЕКС овозможува спроведување на работилници, експертски мисии и студиски посети, со вклучување на експерти од специфични области, а се со цел зајакнување на институционалниот капацитет на АХВ преку споделување на знаења и искуства на вработените во АХВ и други засегнати страни од научната област и во приватниот сектор.
Агенцијата за храна и ветеринарство само во последните пет години како институција корисник учествуваше во преку 15 работилници, 20 експертски мисии и 10 студуски посети, настани на кои се обработуваа теми во делот на конзумација на храна; правила за ставање во промет на мешовити производи и производи од животинско и неживотинско потекло; процедури и барања за означување на рециклирани пластични материјали; собирање и обработка на податоци за ЕФСА; контрола при увоз на МОМ на граничен премин; правила за барања за безбедност во делот на минерална вода, изворска и вода за пиење; хигиена, благосостојба и биосигурносни стандарди на ниво на фарма и сл.
Повеќе информации за самиот инструмент можете да најдете на следниот линк