Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одржана Експертска мисија за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода

25.09.2019
Одржана Експертска мисија за посебните барања за безбедност на  природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода

Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 23-24 септември 2019 година во Скопје се одржа Експертска мисија за посебните барања за безбедност на  природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода со која претседаваше прим. д-р Ленче Јовановска, а како експерти  од ЕУ учествуваа Г-ѓа Ilona Drulyte од Литванија и Г-дин Evangelius Mourelatos од Грција.

Целта на оваа експертска мисија е да обезбеди експертиза за усогласеност на националното законодавство со европското законодавство за  посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода.

 

Одржана Експертска мисија за посебните барања за безбедност на  природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода 2

 

Експертската мисија има за цел успешно да се пренесе знаење и да се разменат искуства во примената на следните директиви и регулативи во земјите-членки на ЕУ:

  • Директива 2009/54/ ЕК на Европскиот парламент и на советот, за експлоатација и продажба на природни минерални води;
  • Директива (ЕК) бр. 40/2003 од 16 мај 2003 г. за утврдување на листата, концентрационите лимити и барањата за етикетирање на состојките на природната минерална вода и условите за употреба на озон-збогатен воздух за третман на природни минерални води и изворски води;
  • Регулатива (ЕК) бр. 115/2010 од 9 февруари 2010 година за утврдување на условите за употреба на активен алуминиум за отстранување на флуор од природни минерални и изворски води.

 

 

Ознаки
Категорија